Како што беше најавено Ромскиот Традиционалн Суд во недела на 18.септември со почеток од 13:00 часот во директна Видео конференција заседаваше и го одржа процесот на сослушување на повиканите 13-мина лица кои требаше да дадат свои искази и факти во врска со обвинувања за искористување на своите функции и позиции и евентуални финансиски проневери во името на ИРУ.

Традиционалниот Ромски Суд предводена од шефот на Грегор Јулсон од Шведска и членовите Гратан Пуксон од Британија, Стиво Радул Балог од Австрија, Вица Муто од Полска, Звонко Јашаревиќ од Србија, Стефан Видов од Словачка и Тодор Муто од Руската федерација.

Жално е кога некој т.н. „големи Ромски патриоти и активисти„ наместо да се фатат за работа, по цел ден седат пред социјалните мрежи и само без аргументи и најпростачки настојуваат да лечат свои некој лични или групни комплекси, при тоа сакајќи да се „самопромовираат„, затоа што само така можат да бидат забележани.

Нивниот стил на работа е чисто „паразитски„ без некој резултат даден до сега од нивна страна и без некој видлив резултат.

Увидувајќи дека се „невидливи„ во своите активности (невидливи се зошто ништо и не работат), сакајќи да се самопромовираат „удираат„ без цел и докази, само за да бидат слушнати.