Веднаш се прејде на работа со извештаи од страна на делегатите за своите досегашни активности како во своите држави така и за соработката како со ЕВЗ, Советот на светскиу цркви од Женева, со ЕВЗ, и на крај со офисите на ИРУ заз соработка со ОН и нивните седишта во Њујорк, Женева и Виена. 

Во име на Њујорк зборуваше и Анатолиј Бутаков.  истовремено рапорото на Агуш Демировски за офисот во Женева, и да се дефинира тимот на ИРУ офисот за Виена.

Исто подигната е на едно повисоко ниво на соработка помеѓу ИРУ и ВЦЦ - Советот на светските Цркви, каде делегатите на ИРУ го подржаа предлог меморандумот за соработка помеќу ИРУ и ВЦЦ

Како посебно се издвојува и донесената одлука на Ромскиот Крис на ИРУ, да формираат Интернационален Борд на Ромскиот Крис, да направат свој Кодекс за работа и Статус. 

Истовремено сите ИРУ го усвои извештајот на г-дин Гратан Пуксон во врска со ДТ и  делегати гласаа и за тоа дека Комисијата за ДТ им се дава рок од 6 месеци да формираат своја Комисија која че ја разгледа можноста дали може да се организира Конгресот за 2019 или тој да се пролонгира за друг датум . 

На маргините на случувањето  десетчлена делегација на ИРУ ден пред одржување на Парламентарната средба беа примени и од градоначалникот  на Хелсинборг, г-динот Матс Сандер.