Целта на конференцијата е презентација на резултатите од финасисраните проекти за младите Роми кои носеа име „ За Ромите од Ромите„. Меѓу присутните беа и високи челници од Европските институции како што бе Ген.директор за Правда во ЕК Тина Астола, шефот на Комисијата за недискриминација кон Ромите Лина Папамикалопулу, Државниот секретар во Министерството за ЕУ фондови Циприан Нецула и др.

Според извештајопт од Кјтази, за време на конференцијата беа презентирани постигнатите резултати и имплементација на самите проекти. Тој напомена дека проектите кои беа наменети за Ромските НВО, не беа дадени на Ромските НВО туку на локалните власти.

Бројките кои требаше да се изнесат за завршената задача, не беа изнесени каде се покажува моментот дека сите проекти не се завршени успешно.

Имаше и такви каде во некои држави ниту беше дадена шанса да учествува во овие проекти, каде како за пример ја посочи Грција.

Имаше и такви организации како преставници на локалната власт како што се од Италија и Германија, каде нивото на дискриминациа е сеуште големо  а резултатите се никакви.

Воопшто мислење на Кајтази е дека се финансирани погрешни организации, како и поразителниот факт дека не се финансирани Роми од државите кои не се членки на ЕУ.