Презентирањето беше на високо ниво, се правеа и дискусии, кои протеоа во мошне квалитетна презентација до страна на сите Шефови. Воедно неколку шефови на Комисии кои од оправдани причини не беа во можност да бидат на овој состанок беа приклучени преку Скајп Конференција и на тој начин ја презентираа својата Стратегија и воедно земаа учество во дискусиите.

Во дискусиите преовладуваше демократска транспарентност и отворен дијалог. На крајот од состанокот Шефот на сите Комисии Росита Гронфорс ја презентираше и својата активност и го престави тимот кој ќе работи на Жеснкото лоби на ИРУ. Инаку сите Стратегии бие усвоени и се напомена дека според динамиката првите резултати се очекуваат до крајот на годината, како и во првото тромесечие од следната 2017 година.

На состанокот покрај Шефот на сите Комисии Росита Гронфорс и Претседателот на ИРУ Ѕоран Димов беа и шефовите на Комисиите: Грегор Јулсон, Кузицов Стефано, Пиен о Реахтинген, Џосеф Џонс, Џозеф Патрик Џонс, Кхурам Кхан, Верандра Риши, Ајтена Берафла, Милена Михаиловиќ, Рамуш Муарем, Томас Фил, Фред Таиков, Роџер Ли а на Скајп Гратан Пуксон, Стево Радул Балог, Јасмина Ахемтај и Жерард Линдер.

Инаку според активностите ИРУ веќе на 8-ми Април во Виена, Австрија ќе организира голем настан поповод одбележување на Интернационалниот ден на Ромите со повеќе политички и килтурни настани, а исто така и ИРУ че организира голем настан на 2-ри Август во Краков, Полска по повод Холокаустот врз Ромите.

Вредно е за споменување дека Кхурам Кхан ќе биде како престваник на ИРУ во Бордот на ЕРТФ.

Инаку на овој состанок на ИРУ Комисиите со свое присуство го збогатија и неколку значајни гости од шведскиот општествен и политички живот како што беше Ен Маргарет Лиф - градоначаник на Стокхолм, Анџелина Димитри Гаиса, Диана Ниман, ромски активист во борба против „Антициганизмот„ и воедно познатиот ромски активист за женско лоби актуелне претседател на ЕРТФ и пратеник во ЕП Миранда Вуоластранта од Финска.