Таков е нивниот стил на работа. Тие се едноставно доени со омраза и некултура како и нереспектирање на индивидуа или колектив. Стилот на таквите „големи ромски активисти„ секогаш е ист. Во нивниот вокабулар е најзастепена реченицата „ Јас не знам, ама друг ми рече„ , „Јас не видов, ама друг беше таму„, „Јас не слушнав, ама друг вели дека е така„. и.т.н.

Многу е полесно да оговараш, да правиш конфузии, да ровариш, отколку да се фатиш конкретно на некоја работа и активност. А уште поблаго речено, таквиот птофил на луѓе многу им одговара на некои малце поумни „ромски лидери„, каде токму тие „лаачи„ ги подбуцнуваат како на пит бул, за да може слободно да лае колку сака, и на крај да биде повторно на маргините.

И кога тој „лаач„ ќе увиди дека е искористен, се врти накај својот „наредбодавач„ и повторно лае , но сега во спортивна насока.

Таквите личности се наименуваат како „ Теледиригиран Пит Бул„

Без разлика на наметнување конфузии и интриги без аргументи пред јавноста, Интернационалната Ромска Унија, нејзиниот претседател Зоран Димов и воедни сите членови и делегати на ИРУ, работат со полна пареа за исполнување на дадените задачи и активности во врска со реализација на зацртаните планови. Токму во таа насока десете шефови на Комисии напишаа свои стратешки рамки и програми 2016-2020. Воедно напишани се уште три програми, како што се Демократска Транзиција, Програм за жената Ромка и Традиционалниот Ромски Крис.

ИРУ незнае да прави раскол, ИРУ само зане да обединува, затоа и го носи името Интернационална Ромска Унија. ИРУ не знае да лае, ИРУ работи.

На следниот линк погледнете ги Стратешки рамки и програми 2016-2020 на ИРУ