Според него на овој парламентарен собир ќе се дискутира на повеќе точки кои се тесно поврзани со работата на ИРУ на сите нивоа, Кабинет, Парламент, Претседателство, Делегати, ИРУ Крис ИРУ Комисиите, што подразбира извештаји, моментални активности и кои се следните чекори кои ќе ги превземе.

Се очекува исто така и од страна на организацијата да бидат поканети и високи личности од шведскиот политички и цивилен сектор, кои ќе ја проследат и работата на ИРУ парламентот. Воедно ова преставува и прекрасна можност за учество и на млади и интелектуални капацитети на Роми кои преку директна или индиректна соработка со ИРУ, може да се придонесе многу повеќе во реализација воопшто за Ромската нација насекаде низ светот.